Home Актуелно Катица Јанева конечно се појави во канцелариите на СЈО

Катица Јанева конечно се појави во канцелариите на СЈО

Шефицата во оставка на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, денеска по неколкудневно отсуство, се појави во канцелариите на СЈО.

Голем број новинарски екипи се пред влезот на Специјалното обвинителство во очекување да добија одговор од Јанева на многу отворени прашања по отворањето на случајот „Рекет“ од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Во меѓувреме, од Јавното обвинителство информираа дека е пронајден и другиот телефон на Јанева, кој бил подарен, а не изгубен.

Телефонот што Катица Јанева тврдеше дека го загубила во Белград е пронајден во државава, надвор од Скопје.

Телефонот е веќе запленет и врз него ќе се спроведе вештачење кое треба да даде одговор – дали постоела телефонска комуникација помеѓу Катица Јанева и осомничените во случајот „Рекет“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…