Home Шоубизнис #Bottlecapchallenge во нинџа стил – вака Ибракадабра го прави тоа со нога (видео)

#Bottlecapchallenge во нинџа стил – вака Ибракадабра го прави тоа со нога (видео)

Златан Ибрахимовиќ со два одлични гола му ја донесе новата победа на Лос Анџелес Галакси.

Шведскиот интернационалец со босанско потекло во дуелот на неговиот клуб Галакси против Торонто ги постигна двата гола за својот тим и му донесе важна победа во новото коло од MLS лигата.

Двата гола Ибра ги постигна во второто полувреме – едниот во 76. минута, а другиот пред крајот на натпреварот.

Со новата победа Л.А. Галакси ја задржа втората позиција на генералната табела од MLS лигата, а Ибрахимовиќ запиша вкупно 13 гола во оваа сезона досега.

Сепак, не беше интересно само на теренот, туку и после натпреварот, во соблекувалната. Таму Ибра приреди свое мало шоу, приклучувајќи се на познатиот предизвик на социјалните мрежи – #bottlecapchallenge, кој моментално е популарен во цел свет.

Да не ви откриваме сè, погледнете како тоа го изведе Златан и ги импресионираше своите обожаватели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …