Home Актуелно Приватната телевизија 1ТВ со блокирана сметка од УЈП?

Приватната телевизија 1ТВ со блокирана сметка од УЈП?

Според информациите кои ги пренесува порталот Фактор, Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на приватната телевизиска станица 1 ТВ. Оваа вест засега нема официјална потврда од надлежните служби и од сопственикот Бојан Јовановски.

Инаку, на отворањето на телевизијата присуствуваше речиси цела Влада. “Нова платформа, нов медиум -беше официјалната најава за телевизијата, а од новинарските имиња кои се во телевизијата се познатите – Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Гордана Дувњак, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Јадранка Костова и други..

„Македонски инсајдер“

Телевизијата од самото отворање ја следеа неколку афери. Највпечталива беше онаа со долгонајавуваниот истражувачки проект насловен како „Македонски инсајдер“. Околу оваа емисија на 1ТВ во јавниста се крена многу прашина. Првично поради сензационалистичките најави на епизодите, заканите и обвинувањето за „рекет“, а потоа и поради нејаснотиите дали станува збор за лиценцирана емисија. Тогаш, бизнисменот Зоран Азманов на прес-конференција го обвини Бојан Јовановски дека се обидел да му изнуди 50.000 евра или стан токму во врска со емисијата.Телевизијата тогаш ги демантираше обвинувањата и најави тужба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…