Home Спорт Реал му го расипува договорениот трансфер на Атлетико

Реал му го расипува договорениот трансфер на Атлетико

Реал Мадрид размислува да ја активира клаузулата во договорот на својот младинец, Марио Емросо кој во моментов е во сопственсот на Еспањол, пишува „Марка“.

Дефанзивецот е многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, откако „јорганџиите“ постигнаа договор со Еспањол и се согласија да платат 20 милиони евра за неговиот потпис.

Во 2017 година Реал Мадрид го продаде Емросо со услов да добие 50% од неговиот следен трансфер. Притоа, „кралевите“ имаат можност да го откупат играчот ова лето за сума од 7,5 милиони евра.

23-годишниот дефанзивец беше на чекор да се врати на „Сантиаго Бернабеу“ во јануари, но тогаш Солари во последен момент го откажа трансферот.

Марио Емросо цели 12 години беше дел од академијата на Реал Мадрид, но никогаш не доби шанса во првиот тим.

https://youtu.be/4cvD6EL_Aps

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…