Home Шоубизнис „Единствена“ – нов сингл на дуото The G-Notes

„Единствена“ – нов сингл на дуото The G-Notes

Дуото The G Notes, кое го сочинуваат 29-годишниот Глигор и 24-годишната Теодора, брат и сестра од Гевгелија, го објавија нивниот нов синг.

„Единствена“ е петта нивна песна на македонски јазик која претставува македонска верзија на нивната претходна авторска песна “All I Need Is You” којашто ја објавија пред 2 месеци. Се работи за забавна поп песна со позитивна и певлива мелодија.

Видеото е снимено на Кожуф планина и “Sani Beach” во Егејот.

The G Notes досега имаат објавено 7 авторски песни на англиски јазик и продолжуваат да творат и на англиск и на македонски, бидејќи добар дел од нивните настапи и ангажмани се и надвор од Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Флоренс Пју забележана на шопинг со момчето Фин Кол на денот на премиерата на „Исток од рајот“

Флоренс Пју зема пауза од промоцијата на „Исток од рајот“ за да помине малку време со свои…