Home Вебкафе Крило Јесеница – хрватското село на милионерите

Крило Јесеница – хрватското село на милионерите

Крајморското хрватско селце Крило Јесенице е место во кое живеат милионери чие богатство е лоцирано во морските јадрански води.

Жителите на Крило Јесенице, сместено на половина од магистралниот пат од Омиш до Сплит, поседуваат вистинско богатство – во морето.

Тие се сопственици на флота од дури 180 помали „крузери“, пишува „Јутарни лист“, од кои и најмалиот туристички брод вреди најмалку половина милион евра.

Најновите чинат и повеќе од три милиони евра, а вкупно би можеле да вредат дури повеќе од двесте седумдесет милиони евра.

Статистички, секој четврт жител на ова место е сопственик на еден крузер (вклучувајќи ги децата и нивните баби и дедовци). Во реалноста, 70 семејства на ова мало место се имотни бродосопственици и држат дури 75 отсто од вкупната национална флота на овој вид на бродови.

И тоа не е сè – тие секоја година произведуваат 10 до 20 нови „хотели на бранови“, а сите мали бродоградилишта се затрупани со нарачки и неколку години однапред.

Правилото дека секој капетан мора да има онолку бродови колку што има синови одамна е прекршено, па и членовите од поширокиот круг на семејството имаат задолженија на бродовите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…