Home Шоубизнис Комичар почина за време на настап, публиката продолжи да се смее

Комичар почина за време на настап, публиката продолжи да се смее

60-годишниот британски стенд ап комичар Јан Когнито почина за време на настап, на сцена во еден локален бар.

Комичарот седнал на стол и се потпрел неколку минути , а публиката се смеела и натаму , мислејќи дека и тоа е дел од шоуто. Комичарот починал во барот Атик во градот Бичестер. Веднаш била повикана итна помош, но докторите прогласиле дека смртта настапила на сцената.

„Само десет минути пред тоа правеше шеги на сметка на мозочниот удар. Рече: Замислете да преживеете мозочен удар, се будите и говорите велшки. Кога седна, мислевме дека и тоа едел од настапот. Излеговме од салата со чувство на мачнина. Седевме таму можеби пет минути и се смеевме, а тој бил починат” , раскажува еден од сведоците на трагичниот настан.

Голем број јавни личности се простија од комичарот , шокирани од неговата смрт. Велат дека е вистински ветеран на стенд ап комедијата , кој настапувал речиси секој ден од средината на осумдесетите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …