Home Актуелно Комбинацијата од возење велосипед и шетање куче ќе ве чини 50 евра

Комбинацијата од возење велосипед и шетање куче ќе ве чини 50 евра

Велосипедист или возач на мотоцикл не смее да води домашно милениче со себе додека управува со едно од овие две превозни средства. Во спротивно, казната која е предвидена за ваков прекршок изнесува 50 евра.

Освен оваа мерка Законот предвидува и глоба од 50 евра ако возач на велосипед со помошен мотор, мопед, се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина над 25км/час.

Исто толкава глоба ќе заработи и велосипедистот или мотоциклистот ако ги симне рацете од управувачот, се придржува за друго возило или влече предмети. Казна од 50 евра ќе заработи детето до 14-годишна возраст и неговиот родител поради превезување на други лица на велосипедот. Задолжителен е шлемот на глава, рефлектирачки елек во ноќни услови, а глобата е исто така 50 евра.

Велосипедистите коишто, особено кога е потопло времето, сакаат да ги растрчаат своите миленичиња возејќи истовремено велосипед велат дека никому не пречат со тоа што го носат кучето со себе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 суптилни знаци дека вашиот коефициент на интелигенција е над просекот

5 СУПTИЛНИ ЗНАЦИ ДЕКА ИМАТЕ IQ НАД ПРОСЕКОТ Во секојдневието исполнето со брзина, предизви…