Home Актуелно СДСМ: Се движиме кон силна економија, потврда растот на БДП

СДСМ: Се движиме кон силна економија, потврда растот на БДП

„По години уназадување и стагнација, економијата во последната година се движи во добар правец, нагоре.

Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година.

Континуираниот раст на БДП во 2018 година е доказ дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се правилно поставени и даваат реални, видливи резултати.

Покрај БДП во 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции во висина од 624,5 милиони евра, а растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години.

Овие официјални податоци ја потврдуваат успешноста и заложбата на Владата предводена од СДСМ да обезбеди раст на економијата, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, а со тоа и повеќе пари кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување на економски политики што обезбедуваат економски раст и развој и повисок животен стандард за сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…