Home Актуелно Солзи на рочиштето за „Титаник 2“ – Анета Стефановска се расплака

Солзи на рочиштето за „Титаник 2“ – Анета Стефановска се расплака

Анета Стефановска, една од обвинетите како членка на ДИК во случајот „Титаник 2“ под ингеренција на СЈО, се расплака на денешното судско рочште, на кое го кажа својот завршен збор, при што се расплака во обраќањето до судот.

Анета Стефановска како член на Државната изборна комисија (ДИК) кога била член, не сторила кривично дело. Таа работела според правилата, според сите позитивно законски прописи на Македонија. Во обвинението на СЈО, нема ниту еден доказ дека таа сторила кривично дело. Ова денеска на рочиштето за „Титаник 2“ го изјави адвокатот на обвинетата Стефановска.

Во „Титаник 2” обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

„Јас самостојно, законски и професионално сум работела и сум гласала. Не се чувствувам виновна, ниту пак некој ми сугерирал како да гласам“ – рече Стефановска, која рече дека овој процес и влијаел на здравјето и заплака.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…