Home Шоубизнис Пејачката се пофали со веренички прстен: Кети Пери и Орландо Блум „рипнаа в тавче“

Пејачката се пофали со веренички прстен: Кети Пери и Орландо Блум „рипнаа в тавче“

Славниот љубовен пар Кети Пери и Орландо Блум, кои „се фатија“ пред три години, по доделувањето на „Златните глобуси“, ја отидоа еден чекор напред на љубовно поле и ја официјализираа нивната врска со веренички прстен кој се појави на прстот од пејачката.

Кети и Орландо кој во текот на тригодишната врска имаа многу турбуленции се свршиле на денот на вљубените. Со оваа свршувачка 34 годишната Кети и осум години постариот Орландо ја изненадиле јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

„Погледнете кој се сврши на Денот на вљубените“, напишала мајката на Кети Пери на фејсбук.

Кети и Орландо ја споделиле фотографијата на која во преден план е свршеничкиот прстен со голем црвен камен на средината.

Пејачката Дуа Липа коментирајќи ја објавата на Инстаграм на Кети предизвика лавина од коментари , сега сите се прашуваат дали Кети и Орландо очекуваат бебе.

„Мама и тато“, напишала Дуа Липа со што ги започнала шпекулациите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мекена Грејс се сомнева дека судир во распоредот ја чинел враќање во „Младиот Шелдон“

Мекена Грејс проговори за можната причина поради која не била повикана во последната сезон…