Home Актуелно Студен и сив понеделник

Студен и сив понеделник

Временската прогноза вели дека денес, понеделник, во Македонија ќе имаме облачно време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, кои ќе бидат позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува.

Дневните температури ќе бидат главно под нулата – Скопје -2 Целзиусови степени, Маврово -3, Охрид 0, Битола -2, Кавадарци 1, Крива Паланка и Берово -1, Дојран 4 степени.

Прогнозата за утре е сончево со умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег. Максималните дневни температури ќе се движат од -6 во Маврово, -2 Скопје, до 3 степени во Дојран.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…