Претседателот Иванов стави потпис на указот за Законот за амнестија за „27 април“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот Ѓорѓе Иванов стави потпис на указот за стапување на сила на Законот за амнестија. Рокот од пет дена тече за обвинетите за 27-ми април кои сметаат дека ги исполнуваат условите за да поднесат барање за амнестија.

Указот е објавен вчера во „службен весник“ што значи дека обвинетите имаат рок до 25-ти декември да испратат барање. По стапување на сила на законот се отвора прашање ќе ја постигне ли целта за којшто беше донесен – национално помирување и стабилен пат на Македонија кон евроатлантските интеграции?

Додека пак, поранешните пратенички Ѓулистана Марковска и Солза Грчева во законот не гледаат вистинско помирување, туку повеќе поделби и двојни аршини.

Законот предвидува дека обвинети за 27-ми април амнестија може да добијат сите освен оние кои се посочени како организатори, нарачатели или пак извршиле насилство.