Home Актуелно Се реконструира Финскиот парк во Ченто

Се реконструира Финскиот парк во Ченто

Реконструкцијата и хортикултурното уредување на Финскиот парк во населбата Ченто е во завршна фаза. Увид во активностите за обнова на оваа зелена површина денеска изврши градоначалникот Шилегов.

– Деновиве работиме на реконструкција и хортикултурно уредување на зелена површина од околу 13.000 квадратни метри во Финскиот парк во населбата Ченто. Површината е прекопана, исчистен е шутот, донесена е нова плодна хумусна земја и се подига нов тревник. За прв пат во овој парк е поставена хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки. Поставени се 23 шахти и 145 прскалки за наводнување на зелената површина. За обнова на овој парк се одвоени околу 6,5 милиони денари од Буџетот на Град Скопје, а на терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ – рече денеска градоначалникот Шилегов.

За потсетување, оваа година Градот Скопје подигна и реконструираше рекордни 122.838 квадратни метри зелена површина. Оваа есен беа засадени 3.500 висококвалитетни садници на јавните површини, а приоритет беше обновувањето на дрворедите и подигнувањето нови дрвореди.

– Го зголемивме буџетот за животна средина за 2019 година за 32 насто. Зголемување има и во делот за подигање паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Зазеленувањето останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Ќе ја искористиме пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации – нагласи Шилегов.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…