Home Шоубизнис Слушнете ја Reminder – нов сингл и видео на Кирил Џајковски!

Слушнете ја Reminder – нов сингл и видео на Кирил Џајковски!

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл REMINDER за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.

Песната „Reminder” е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот David Lion и претставува храбра комбинација на Balkan Beat звукот со glitch-hop и реге влијанија.

Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел” е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Reminder” наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.

Синглот „Reminder” е премиерно објавен на официјалниот YouTube канал на Џајковски, а е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Судењето за убиството на Чарли Кирк ќе почне во јуни 2028 година

Истрагата за убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк во септември 2025 година п…