Home Актуелно Поскапување на лебот за 20 насто

Поскапување на лебот за 20 насто

Цената на лебот ќе биде повисока за 20 насто проценуваат мелничарите кои се жалат дека пекарската индустрија веќе два месеци работи со загуби. Велат дека за тоа има повеќе фактори, но најмногу се должи на зголемената цена на брашното и пченицата, кои се основни суровини за производство во оваа индустрија.

-Не е покачена само основната суровина, туку во последната година качен е и енергенсот, нафтата. Па да речеме, и платите на работниците. Се помалку и помалку луѓе има што сакаат да работат во пекарската индустрија. Односно, не можат да се најдат работници. Сето тоа придонесува во зголемување на цената на лебот. Тоа во просек е некаде околу 20 отсто, во зависност од видот на лебот. Околу 2 денари, вели во телефонска изјава Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на млинско-пекарска индустрија.

Трговската војна меѓу Косово и Србија засега не влијае на цените на пекарските производи. Меѓутоа, се зголемува побарувачката на брашно во Косово. Поради тоа, се стравува дека цената лебот дополнително може да скокне.

Први на удар се најевтините видови на леб. Цената покапува само за нив и тоа само во одредени маркети и продажни места. Меѓутоа, не се исклучува можноста да поскапат и останатите видови лебови.

Од Министерството за земјоделие се запознаени и ја следат состојбата.

-Доколку дојде до драстично зголемување на цените што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, постои можност да интервенираме преку Агенцијата за стокови резерви којашто во ек на жетвата направи јавна набавка од 13 илјади тони пченица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…