Home Вебкафе За една година основно образование ја осудија на 15 години затвор

За една година основно образование ја осудија на 15 години затвор

Епилогот од судскиот случај со атинската чистачка која направила измама за една година од нејзиното основно образование, а кој крена голема прашина во грчката јавност, сепак, заврши позитивно за жената која претходноб еше осудена на 15 години затвор за лагата.

Апелацискиот суд во Атина денеска ја укина затворската казна на чистачката, која беше исудена на 15 години затвор, зашто лажела дека има шест, а имала завршено пет одделенија основно образование.

53-годишната чистачка, која работела 15 години во државна градинка, беше осудена откако ревизијата утврдила дека лажела за образованието. Жената помина еден месец во притвор додека траеше судскиот процес.

Првостепениот суд ја осуди прво на 15 години, за потоа да ја намали казната на 10 години затвор.

Грчката јавност беше згрозена од овој случај , кој во медиумите беше коментиран како селективна правда, каде чистачката е осудена на драконска казна , додека богатите за далеку посериозне криминал се осудуваат многу поблаго.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…