Home Актуелно Идентификувани тројца извршители на убиството на малтешката новринарка Каруана

Идентификувани тројца извршители на убиството на малтешката новринарка Каруана

Истражните органи на Малта идентификуваа група од најмалку тројца Малтежани за кои се верува дека минатата година го организирале убиството на новинарката кој пипуваше за корупција Дафне Каруана Галиција.

Нивните имиња не се објавени, но истакнато е дека истрагата е во „многу напредна фаза“.

Каруана Галиција е убиена во октомври минатата година кгоа под нејзиниот автомобил експлодираше подметната бомба, а до сега се уапсени три лциа за кои се смета дека се одговорни за нејзиното убиство, но тие се изјасниле дека не се виновни,

Неделникот Сандеј Тајмс Малта наведува дека мотивите за убиството и натаму се непознати, но и се претпоставува дека има повеќе мотиви со кои се поврзуваат тројцата мажи обвинети за организација.

Засега не е откриено дали организаторите се од криминалниот, политичкиот или деловниот сектор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…