Home Спорт Видео: Усик ја одбрани титулата и го пензионираше Белју

Видео: Усик ја одбрани титулата и го пензионираше Белју

Александр Усик во Манчестер по шести пат ја одбрани титулата светски шампион во лесно-тешка категорија, откако го нокаутираше Британецот Тони Белју.

Украинецот го задржа својот рекорд без пораз и покажа дека е моментално неприкосновен боксер во оваа категорија. Усик сега има 16 победи и ниту еден пораз, а за него ова беше 12-та победа со нокаут.

На 35-годишниот Белју ова би требало да му биде последната борба во неговата кариера. Сакаше да се пензионира со тоа што ќе му ги земе сите титули на Украинецот, но Усик не дозволи такво нешто.

https://youtu.be/bUPr_eTAjIo

https://youtu.be/3KDQbOPtD_A

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…