Home Вебкафе Возење низ пламените јазици од кои бегаа Ким Кардашијан, Алисиа Милано и Гиљермо дел Торо

Возење низ пламените јазици од кои бегаа Ким Кардашијан, Алисиа Милано и Гиљермо дел Торо

Најмалку девет лица го загубија животот во огнената катастрофа која ја предизвикаа пожарите кои пустошат низ Калифорнија. Дополнително, десетици се водат за исчезнати.

Брин Перот Чатфилд на Фејсбук објави снимка како од двете страни на патот се издигаат огнени столбови , низ кои вози за да си го спаси животот.

„Се чувствувам многу ранливо поради објавата на овие снимки, но морав тоа да го направам. Мојот роден град Парадајз гори. Моето семејство е евакуирано и е на безбедно. Но, сите пријатели не се безбедни. Ова е надреално“ , напиша жената, жителка на градот на северот на Калифорнија.

На 600 километри на југот на државата се евакуираат и жителите од елитните населби во близина на Лос Анџелес. Малибу го напуштија бројни холивудски ѕвезди, кои таму имаат луксузни куќи. Меѓу евакуираните се семејството на Ким Кардашијан, актерката Алисиа Милано и режисерот Гиљермо дел Торо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…