Home Спорт Анчелоти со поддршка за Мурињо: Ја разбирам неговата реакција!

Анчелоти со поддршка за Мурињо: Ја разбирам неговата реакција!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти ја прокоментира реакцијата на Мурињо после мечот помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.

Португалецот после последниот свиреж се дрзна да ги провоцира домашните фанови, кои го навредуваа во текот на целиот натпревар.

Мурињо? Нормално е да реагираш на таков начин откако си бил навредуван во текот на 90 минути. Проблемот е во културата. Не им се обраќам само на фановите на Јуве, бидејќи истите работи се случуваат и во Неапол и Милано. Треба да го доживуваме фудбалот како спорт“, истакна Анчелоти, кој и самиот беше навредуван на гостувањето кај Јувентус.

„Задоволен сум од тоа што го прави мојот тим во сега. Очекувам тежок меч утре против Џенова, бидејќи е тешко да најдеш мотивација против тим кој не е од калибарот на ПСЖ“, додаде Италијанецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…