Home Спорт Видео: 14-годишно дете постигна гол во најголемото дерби!

Видео: 14-годишно дете постигна гол во најголемото дерби!

Синоќа се играше парагвајското „Ел Класико“ помеѓу големите ривали Церо Портено и Олимпија, а мечот го реши 14-годишно дете.

Фернандо Овелар минатата седмица дебитираше за сениорскиот тим на Церо Портено, а овој викенд го постигна и својот прв погодок и стана најмладиот стрелец во историјата со само 14 години.

Овелар во 16-та минута одлично и избега на одбраната на Олимпија, а потоа ја смести топката во противничката мрежа.

https://youtu.be/tVGv66fMsU0

Натпреварот на крајот заврши без победник (2:2), но резултатот остана во сенка на големото достигнување на 14-годишниот фудбалер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…