Кабељо апсолутен победник на музичките награди MTV 2018


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелната музичка ѕвезда Kамила Кабељо го собра кремот од музичките награди MTV 2018 заминувајќи си со четири награди: за најдобар артист, најдобро видео, најдобра песна (за песната „Хавана“) и најдобар американски изведувач.

21-годишната Камила се заблагодари на шпански на церемонијата која се одржа во шпанскиот град Билбао.

„Многу ги сакам фановите. Знам како е да се биде обожавател. Знам колку е специјална таа врска. Ве сакам“ – рече таа, завршувајќи со едно „грасијас“.

Инаку, во однос на останатите категории, за најдобар нов изведувач беше избрана Карди-Би, за најдобар поп-изведувач беше избрана Дуа Липа, најдобар хип-хоп изведувач е Ники Минаж, која доби награда и за најдобар изглед.

Во категоријата рок за најдобри беа избрани „Fice Seconds of Summer“, додека во категоријата електронска музика, за најдобар беше прогласен Маршмело. Шон Мендес, пак триумфираше во категоријата најдобар настап во живо.

ТУКА ја имате комплетната листа на добитници на награди.