Home Актуелно Груевски ќе оди во затвор: Одбиено барањето за одложување на затворската казна!

Груевски ќе оди во затвор: Одбиено барањето за одложување на затворската казна!

Судијата за извршување на санкции го одби барањето на екс премиерот Никола Груевски да му го одложи извршувањето на затворската казна од две години. Груевски сега има право да поднесе жалба до Кривичниот совет, коj ќе има рок од три дена да се произнесе.

Ако и тие ја отфрлат жалбата, Груевски на 8 ноември ќе мора да се јави во истражниот затвор „Скопје“ каде што треба да ја одлежи казната.

Врховниот суд е следна инстанца каде што Груевски може да се обрати за спас од затворот, но според временските рокови и процедури тоа не е возможно да се случи пред 8 ноември.

Двегодишната затворска казна на Груевски му беше изречена за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузното возило „мерцедес“.

Извор: АлсатМ

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…