Автопатот Кичево – Охрид ќе чини уште нови 187 милиони евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дополнителни 187 милиони евра ќе чини изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Со новиот трет анекс на договорот со изведувачот на градежните работи кинески „Синохидро“, што го усвои денеска на седница Владата по едногодишни преговори, се утврдени дополнителните финансии со кои на терен се најавува интензивирање на градежните работи за автопатот во должина од 57 километри.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска се пофали дека „по една година домаќински преговори“ заштедиле 95 милиони евра, зашто инаку , дополнителните работи би чинеле 282 милиони евра, наместо 187 милиони евра, кои ќе се обезбедат со кредит од кинеската Ексим банка. Се очекува автопатот да биде завршен до средината на 2021 година.

Изградбата на автопатот почна во 2014 година, и требаше да чини 411 милиони евра.

Извор: РСЕ