Home Актуелно Вчера вечер Скопје беше шести најзагаден град во цел свет

Вчера вечер Скопје беше шести најзагаден град во цел свет

Глобалните апликации за следење на загадувањето ширум светот, вчера вечер го рангираа Скопје на шестото место на листата најзагадени градови во светот.

Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, и градот се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.

Најголемо аерозагадување покажа мерната станица кај ректорат, со 240 пм10 честички на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното.

Изутринава на истата станица загадувањето изнесува 157 пм2,5.

Потсетуваме дека мерните станици во Лисиче и Гази Баба, кои важат за едни од позагадените реони во земјава, веќе подолго време не се во функција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…