Home Спорт Суарез: Нормално е Барса да бара нов напаѓач!

Суарез: Нормално е Барса да бара нов напаѓач!

Барселона веќе ја започна потрагата по наследник на Луис Суарез, иако Уругваецот би можел да одигра уште барем две сезони на највисоко ниво.

Токму тој период Каталонците сакаат да го искористат за доведување на врвен напаѓач, кој ќе може да го замени Суарез.

„Веќе имам 31 година и за мене е нормален фактот Барселона да бара нова деветка. Сите ние имаме рок на траење“, искрен беше Суарез.

Прва желба на Барса е Хари Кејн, но неговото доаѓање е преголем финансиски залак за клубот, па на списокот на Каталонците се уште Криштоф Пијатек и Андре Силва.

Суарез пристигна на „Камп Ноу“ во 2014 година и до денес за каталонскиот гигант одигра 200 официјални натпревари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…