Home Актуелно Антонио Милошоски наследник на разрешениот Митко Јанчев?!

Антонио Милошоски наследник на разрешениот Митко Јанчев?!

Познато е дека неодамна раководството на ВМРО ДПМНЕ одлучи да исклучи дел од своите сопартијци од партијата, меѓу кои и актуелниот градоначалник на Кавадарци и потпреседател на партијата, Митко Јанчев.

Негов наследник како што говорат неофицијални информации ќе биде пратеникот, Антонио Милошоски.

Според информациите во последен период се поинтензивни се средбите помеѓу Милошоски и Мицкоски, откако Милошоски по дел од исклучувањата ја испрати својата безрезервна поддршка до актуелниот лидер на опозициската партија.

Како што наведува весникот Независен, со Милошоски е договарано тој да биде нов потпретседател на партијата. Се говори дека поранешниот министер има големо искуство во политиката, добро ја познава пратеничката практика и процедура, а како предност му се зема и тоа што прв од групата на ВМРО ДПМНЕ јасно и без двоумење се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот.

На ваквите информации запрашан од јавноста, Милошоски истакна дека нема коментар на истите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…