Home Актуелно 6,4 степени по Рихтер го погодија Закинтос – Грција стравува од појава на цунами

6,4 степени по Рихтер го погодија Закинтос – Грција стравува од појава на цунами

Силен земјотрес со јачина од најмалку 6,4 Рихтерови степени рано утрово го погоди грчкиот остров Закинтос. Засега нема официјални информации за евентуални жртви од потресот.

Три лица биле повредени во земјотресот и се префрлени во болница, а службите издадоа предупредување за цунами.

Веднаш по потресот, на кратко снемало струја на островот, а има информации дека бил оштетен манастир од 15. век во областа Строфадес.

Грчкиот завод за геодинамика соопшти дека земјотресот бил регистриран во 2 часот и 54 минути по локално време и ја погодил областа околу 50 километри јужно од Закинтос, а потоа имало и низа умерени повторени потреси.

Земјотресот бил почувствуван во Грција, Италија, Малта, Албанија и Либија.

Европската агенција за земјотреси на Twitter објави дека е забележан мал пораст на нивото на морето за окоу 20 сантиметри и нагласи дека на локално ниво покачувањето би можело да биде и поголемо.

Грција лежи на две тектонски плочи и се смета за област подложна на земјотреси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…