ТИТАНИК 2 ќе заплови 2022. година: Ќе ја има истата рута на легендарниот претходник (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По вторпат, борд реплика на „Титаник“ ќе биде пуштен во 2022. година во употреба и секако ќе го повтори историскиот пат од Велика Британија до САД, пат кој не беше завршен од страна на легендарниот претходник.

Творецот на „Титаник 2“ е компанијата „Блу Стар Лајн“ во сопствеништво на бизнисменот Клајв Палмер. Работата од 2012. година беше сопрена во 2015. кога компанијата се соочи со финансиски проблеми, но минатиот месец истата беше обновена.

Новиот Титаник, чија изградба чинела околу 500 милиони долари, ќе има капацитет за 2.400 патници и 900 членови на екипажот.Бродот ќе биде класифициран како луксузен, исто како оригиналот и ќе има ист распоред на кабините, со тоа што ќе содржи технологија од 21. век.

За потсетување, легендарниот оргигинален Титаник потонал на 15. април, 1912. година, откако удрил во ледениот брег, само четири дена откако испловил и се удавиле повеќе од 1.500 луѓе.