Експресно и без можност да се брани, по Мијалков исклучен и Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ!

По Сашо Мијалков, Општинскиот комитет на Карпош, експресно и без расправа од партијата го исклучи и Никола Тодоров.

Поранешниот министер за здравство, иако побара, од општинскиот комитет не беше ислушан да се одбрани и ја каже својата страна, па така идентично како и поранешниот директор за УБК, Сашо Мијалков на седницата на комитетите добија „шут карта“ од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ.

Инаку одлуката за нивното исклучување, во обата комитети била едногласна.