Home Актуелно Коментар на саудискиот принц за убиството на Кашоги – еве што изјави (видео)

Коментар на саудискиот принц за убиството на Кашоги – еве што изјави (видео)

Принцот престолонаследник на саудискиот престол, Мохамед бин Салман, изјави свој коментар за грозоморното убиство на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Кашоги беше брутално убиен во конзулатот, а сѐ уште не се знае каде е телото. Саудиска Арабија со денови негираше дека има врска со неговото исчезнување за на крајот да признае дека новинарот бил убиен „по грешка“. Според нивната верзија, во која ретко кој верува, станува збор за несреќен случај.

Саудискиот принц престолонаследник и фактички владетел со државата кажа дека убиството на новинарот е гнасен чин. Тој додаде дека одговорните ќе бидат приведени пред правдата.

Зборувајќи на конференција во Ријад, Бин Салман кажа дека „ова е болен чин за сите Саудијци и сите луѓе во светот“.

„Саудиска Арабија ќе ги преземе сите потребни мерки и добро ќе го истражи случајот за да се постигне резултат. Ќе ги приведеме пред лицето на правдата одговорните за ова гнасно злосторство и тие ќе бидат изведени пред суд. Во тоа нема сомнеж“, кажа саудискиот принц.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со саудискиот принц Бин Салман, првпат по убиството на Кашоги, изјави извор од кабинетот на турскиот претседател.

За време на разговорот на иницијатива на саудискиот принц, кого турскиот печат го поврзува со убиството, двајцата лидери разговарале за заеднички напори за расветлување на сите аспекти на убиството на Кашоги и сѐ што треба да се преземе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…