Home Шоубизнис Два дена плачела поради муабетите од Бекам за нивниот брак

Два дена плачела поради муабетите од Бекам за нивниот брак

Викторија Бекам, наводно, два дена ги поминала во солзи откако нејзиниот сопруг Дејвид Бекам изјави дека нивниот брак „е многу тешка рабта“.

„Кога сте долго во брак, тоа станува тешка работа. Нештата стануваат комплицирани“, изјави Дејвид за нивната брачна заедница.

Пријатели на славното семејство за британските медиуми изјавија дека Викторија била скршена од муабетите, бидејќи според нејзино мислење бившиот славен фудбалер постапил апсолутно бесчувствително.

„Таа не знае зоштто толку чувствителни работи за нивниот брак ги изнесол во јавност. Кога дозна за неговото интервју, во нивниот дом беше како да експлодирала нуклеарна бомба“; изјавил анонимен пријател на Бекамови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Додал дека Викторија после тоа се пријавила во германско одморалиште, за за кое се пишува дека е специјализирано за воспоставување емотивна рамнотежа. Дизајнерката пред две недеи на Инстаграм објави фотографија од Германија, порачувајќи дека доживеала неверојатно искуство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Викторија и Дејвид се во брак од 1999 година и имаат четири деца – синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …