Home Актуелно Обвинителството ги објави резултатите: Кашоги е убиен во тепачка во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул (ВИДЕО)

Обвинителството ги објави резултатите: Кашоги е убиен во тепачка во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул (ВИДЕО)

Саудиска Арабија врз основа на прелимиранрните резултати од истрагата соопштија дека нивниот новинар и колумнист на Вашингтон пост, Џамал Кашоги умрел во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во тепачка со луѓе кои таму ги сретнал.

Официјално обвинителството на Саудиска Арабија соопшти дека новинарот е мртов.

Новинарот исчезна откако на 2 октомври влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе докуманти за планираната венчавка. Ројтерс пренесува дека саудиското обвинителство соопшти дека „смртта на Кашоги е последица на караница во конзулатот“ и дека се уапсени 18 лица кои се под истрага.

Саудискиот крал Салман со декрет го смени вториот човек на разузнавачката агенција како и еден свој советник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…