Home Спорт Возбудувања и црвени картони – Вардар поразен од Киелце (видео)

Возбудувања и црвени картони – Вардар поразен од Киелце (видео)

Македонскиот шампион го доживеа првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампиони на гостувањето кај Киелце со резултат 31:27.

Продолжи лошата традиција за Вардар на гостувањата против Киелце. Полскиот тим имаше предност од самиот старт, иако на моменти „црвено-црните“ имаа напад и за израмнување.

Натпреварот започна лошо за Вардар откако во 14-та минута Борозан заработи директен црвен картон. Потоа Киелце направи четири разлика, но „црвено-црните“ заиграа добро и на полувреме заминаа со еден гол негатива 16:15.

На почетокот на второто полувреме домаќинот направи разлика од четири гола која ја одржуваше до крајот на мечот благодарение на фантастичниот Лука Циндриќ. Исклучен беше и поранешниот играч на Вардар Душебаев поради неспортски потег над Шишкарев.

Најдобар кај победникот беше Лука Циндриќ со осум гола, додека Јурецки заврши со шест, а кај Вардар, Скубе и Дибиров дадоа по шест гола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…