Пресврт: Рабио донесе одлука и го изненади цел свет!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми пренесуваат дека Адриен Рабио ја променил одлуката и е спремен да потпише нов договор со Пари Сент Жермен.

Плејмејкерот во неколку наврати одби да стави потпис на нов договор и медиумите тврдеа дека ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезомната како слободен агент без обештетување.

Многу европски гиганти го посакуваат во своите редови и му нудат богат договор, но сега настана пресврт на целата ситуација.

Имено, угледниот „Екип“ тврди дека Рабио е спремен да потпише нов договор и дека двете страни се блиску до договор. Покрај големото зголемување на платата неговата мајка и агент, Вероник бара од ПСЖ да му исплати и бонус од 8 милиони евра при самиот потпис.

„Светците“ наводно ги прифатиле сите услови бидејќи не сакаат да го загубат играчот без обештетување, па сега Рабио е поблиску до нов договор отколку од заминување.