Home Спорт Нема мир за Мурињо – ФА почна истрага против него

Нема мир за Мурињо – ФА почна истрага против него

Фудбалската асоцијација на Англија отвори истрага против менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо поради своите дејствија за време на мечот со Њукасл.

Имено, по последниот судиски свиерж Мурињо беше фатен од камерата како зборува на португалски при напуштањето на теренот. Постои веројатност ФА да смета дека Португалецот користел непристојни и агресивни реплики и ако го направил тоа, ќе го казни.

Точниот израз на португалски бил „fodas filhos de puta“, па медиумите на Островот тврдат дека готово сигурно ќе биде казнет поради ова. Доколку добие казна Португалецот нема да може да го води својот тим од клупата, но и ќе плати „солена“ сума.

Поранешниот напаѓач на тимот Вејн Руни доби слична казна во 2011 година, кога кажа вулгарни зборови кон една од телевизиските камери.

https://youtu.be/VPOMRW7tDwg

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…