Home Спорт Берлускони не се одбива: Кака спремен за сензационално враќање на терените!

Берлускони не се одбива: Кака спремен за сензационално враќање на терените!

„Газета дело Спорт“ тврди дека легендарниот бразилски фудбалер, Рикардо Кака може да ја обнови фудбалската кариера и да заигра за италијанскиот третолигаш Монца.

Само пред неколку дена клубот официјално стана сопственост на Силвио Берлускони, кој заедно со Галиани го замолиле Кака да му помогне на тимот во пласманот во Серија Б.

Долгогодишниот претседател на Милан е во одлични односи со Кака и се надева дека ќе го убеди Бразилецот да дојде во Монца, а со тоа ќе даде поголем кредибилитет на амбициозниот проект.

Кака последно игра во САД во дресот на Орландо и минатата година во декември стави крај на професионалната кариера, а неодамна истакна дека сака да биде спортски директор.

Дали ќе може да ја одбие понудата на Барселона, останува да видиме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…