Home Актуелно Алијансата за Албанците апелира за поддршка на референдумот

Алијансата за Албанците апелира за поддршка на референдумот

На прес-конференцијата која денес ја одржаа во Тетово, претставници на Штабот од Алијансата за Албаниците повикаа на поддршка на претстојниот референдум на 30 септември.

„Алијансата за Албанците донесе политичка одлука дека референдумот од 30 септември масовно да биде поддржан од страна на целото нејзино членство повикувајќи ги и неопределените албански гласачи да го поддржат без никаква дилема, дотолку повеќе, што позитивен референдум ќе отвори многу политички можности за целосно остварување на правата на Албанците како државотворен народ во Македонија. На секоја средба со нашите активисти преовладуваше убедувањето дека интеграцијата на нашата земја во НАТО и во европскато семејство ќе отвори ново поглавје за безбедна перспектива кон политичка и економска благосостојба на сите граѓани“, изјави шефицата на штабот на Алијансата за Албанците Бујаре Абази.

Нагласи дека заеднички заклучок на партиските структури, активистите и политички неопределените граѓани е дека владеењето на правна држава, борбата против организираниот криминал, политичката и економска еднаквост на нејзините граѓани многу полесно можат да дојдат до израз доколку сме дел од евроатлантските вредности и институции.

Таа посочи дека стратешката и идеолошка определба на Албанците не само во Македонија , туку на сите албански простори, била и ќе остане секогаш покрај САД, НАТО и земјите на Европската унија како универзални вредности кои имаат цел зачувување на мирот и безбедноста како и отворање на економски и развојни можности, нови работни места.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…