Home Спорт „Марка“ тврди: Барселона ги промаши сите засилувања!

„Марка“ тврди: Барселона ги промаши сите засилувања!

Мадридскиот весник „Марка“ тврди дека ниту еден од играчите кои Барселона ги купи летово не успеа да се прилагоди во тимот.

Тренерот Ернесто Валверде секогаш има проблеми кога прави ротациа во тимот, што е јасен знак дека ниту едно од засилувањата на Барселона не ги оправда очекувањата.

Против Севиља во Суперкупот, Ленгле, Рафиња и Артур добија шанса, но Барселона успеа да победи откако влегоа Кутињо и Ракитиќ.

Потоа и проти Алавеш, Валверде го користеше Сержи Роберто, но повторно мораше Кутињо да ја спасува ситуацијата.

Против Сосиедад, тимот со Рафиња и Роберто губеше, па Валверде мораше да враќа некои од стандардните играчи, а натпреварот го реши Дембеле.

До сега новите засилувањата не функционираат, првите впечатоци не се добри, иако тренерот на Барселона вели дека им е потребно време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…