Home Шоубизнис Славниот комичар Бил Козби оди во затвор

Славниот комичар Бил Козби оди во затвор

Славниот холивудски актер и комичар, 81-годишниот Бил Козби, кој во периодот на 80-те години од минатиот век се прослави со „Козби шоу“ е осуден на три до десет години затвор за сексуален напад.

Пресудата доаѓа пет месеци откако беше прогласен за виновен за дрогирање и сексуален напад врз Андреа Констанд во 2004 година.

Комичарот порано годинава беше прогласен за виновен по три обвиненија за сторени кривични дела за напад, користење на дрога и сексуално малтретирање на Андреа Констанд кои биле извршени во неговиот дом во Пенсилванија во 2004-та година. Таа е само една од 60-те други жени со слични наводи против Козби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Владо Георгиев со уште два концерта во Белградската арена по четирите распродадени настапи

По четирите распродадени концерти минатата година, Владо Георгиев повторно ќе настапи во Б…