Home Живот и здравје Брендот и името VERSACE одат во историјата – за 2,1 милијарда долари ги купува…

Брендот и името VERSACE одат во историјата – за 2,1 милијарда долари ги купува…

Преку склучување на договор „тежок“ 1,83 милијарди евра (2,12 милијарди долари), брендот Michael Kors го купува планетарно популарниот бренд Versace и од компанијата најавија дека ќе го сменат името во „Capri Holdings”.

„Возбудени сме што Versace ќе стане дел од нашето семејство на луксузни брендови, а ние сме посветени на инвестирањето во неговиот раст, рече претседателот и главниот директор на Michael Kors, Џон Идол во соопштението за медиуми.

„Со полните ресурси на нашата група, веруваме дека Versace ќе порасне со над 2,0 милјарди долари приход. Веруваме дека здружените сили на брендовите Michael Kors и Jimmy Choo како и купувањето на Versace, ќе ни овозможи уште долги години да растеме, рече Идол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Јасни знаци дека вашиот сопруг веќе не го поднесува вашето присуство

Јасни знаци дека вашиот сопруг веќе не може да го поднесе вашето присуство Границата помеѓ…