Home Актуелно Требало да одат на веселба, ги најдоа убиени – детали за тројното убиство во Дебар

Требало да одат на веселба, ги најдоа убиени – детали за тројното убиство во Дебар

Тројното убиство кое се случи во Дебар ја потресе цела македонска јавност. Мајка, татко и нивната 14-годишна ќерка беа убиени во својот дом.

– Утрото во 9 часот требаше да дојдат на веселба, но не се појавија, а не одговараа ниту на телефонските повици по што роднини отидоа во нивната куќа која беше заклучена. Тогаш, забележавме дека еден од прозорите е отворен и кога влеговме внатре затекнавме две мртви тела во спалната соба и уште едно во детската соба. – изјави Муарем Поцеста роднина на починатите за Охридњуз.

Велат тие биле многу мирни луѓе и не знаат како дошло до трагедијата.

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите лица, како и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело.“

Канал 5 од извори во истрагата неофицијално дознава дека убиството го извршил роднина на семејството поради семејна расправија за имот. Драмата почнала откако роднината во 3 часот по полноќ влегол во домот и пукал во тричленото семејство. Цели 17 часа безживотните тела лежеле во локви крв, а ги пронашле други блиски роднини во собите каде спиеле, откако не се јавувале цел ден на телефон.

Фото: Канал5

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…