Home Вебкафе И тој сака дом: Кенгур скрши прозор и влезе во куќа во Мелбурн (ФОТО+ВИДЕО)

И тој сака дом: Кенгур скрши прозор и влезе во куќа во Мелбурн (ФОТО+ВИДЕО)

Кенгурите се почесто ги напуштаат природните домови и завршуваат по населбите.

Така еден кенгур ги изненади сите кога скрши стакло од прозор и влезе во куќа во Мелбурн. Сопственикот го видел утрината штом се разбудил во својот дом, а како што вели, никогаш претходно не видел кенгур.

Првата средба со ова животно беше скапа, бидејќи со скок во куќата предизвикал значителна штета. Оштетил предмети и оставил крв секаде зад себе, поради повредите со кои се здобил при влегувањето низ прозорот.

Сопственикот на куќата веднаш ја повикал организацијата за заштита на животни, која излегла на терен и го прегледала животното. Тие истакнаа дека младиот кенгур тежок 65 килограми бил исцрпен и под стрес, поради што добил терапија во вид на седативи за да го смират и изнесат од куќата.

Потоа во потполност го згрижиле, па ги санирале сите повреди кои кенгурот ги имал.

https://twitter.com/myamigocouk/status/1023868320146046976

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …