Home Спорт ПСЖ го продава Ди Марија по „дисконтна“ цена

ПСЖ го продава Ди Марија по „дисконтна“ цена

Француските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен е спремен да го продаде Анхел ди Марија и веќе му кажале на Аргентинецот да си бара нов клуб.

Аргентинскиот фудбалер речиси сигурно ќе биде продаден до крајот на летниот трансфер прозорец, ако се најде тим кој ќе биде подготвен да плати за него 30 милиони евра.

Оваа сума е навистина мала, ако се знае фактит дека само пред една година Пари Сен Жермен бараше 80 милиони евра од Барселона за Ди Марија и одбиваше понуди во висина од 50 милиони евра.

Наполи е фаворит за потписот на Ди Марија. Аргентинскиот фудбалер е силно посакуван од тренерот Карло Анчелоти, кој сака да го засили својот тим со играчот кој одлично го познава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…