Home Живот и здравје Казна 50 евра и можно одземање на возачката ако во Грција го направите овој банален „прекршок“

Казна 50 евра и можно одземање на возачката ако во Грција го направите овој банален „прекршок“

Според сообраќајните закони и прописи кои важат во Грција, ако носите влечки кога управувате со автомобил, предвидена е казна од 50 евра, но полошо од тоа е што полицијата поради овој прекршок може да ви ја одземе возачката дозвола на еден месец.

Ова е особено непријатно за сите наши туристи кои патуваат со автомобил во некои од грчките летувалишта.

Возењето во папучи или отворени обувки е забрането бидејќи може да му отежнува на возачот за време на маневрирањето, а полицијата освен на главните патишта, ги контролира и приодите на плажите.

Грчката сообраќајна полиција ригорозно казнува за алкохол, за појас и пушење во возилото во присуство на деца, објавија грчките медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Куркумата под лупа: Дали овој зачин навистина го подобрува здравјето?

Суперхрана или само добар маркетинг? Златножолтиот прав, незаменлив дел од азиската кујна,…