Home Шоубизнис Почина најдобрата другарка на Кејт Мос: Контроверзната Нилсон пронајдена мртва

Почина најдобрата другарка на Кејт Мос: Контроверзната Нилсон пронајдена мртва

Познатата манекенка Анабел Нилсон која неретко ги полнеше медиумските страници со контроверзии, беше пронајдена мртва во својот дом. Како што истакнува полицијата, смртта на 49-годишната убавица не е сомнителна.

Анабел беше зависник од хероин од 16. година. Како што своевремено тврдеше, само тоа ја спасило да не се убие. Кејт Мос ја сметаше за сестра, а модниот дизајнер Александар Меквин за несуден сопруг, кој многу го сакаше. Инаку таа последна го виде жив.

„Беше мој брат, момче, моја сродна душа. Повеќето време луѓето ме викаа госпоѓа Меквин. Често делевме ист кревет“, изјави таа своевремено, додавајќи дека со него била најсреќна.

Тој дури и ја запроси во една прилика, но таа го одби, поради што долго жалеше. Беше неговата муза.

Уште повеќе ја шокираше јавноста во 1994 година, со мажачката со Нет Ротшилд. Двојката се запозна на плажа во Индија, а родителите на Нет биле шокирани од неговиот „вулгарен“ избор на сопруга.

По разводот по три години брак, манекенката во бракоразводната парница доби огромна сума на пари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Фрејзер Олендер откри во какви односи е со поранешниот партнер Мет Роџерс

Ѕвездата на „Below Deck“, Фрејзер Олендер, проговори за разделбата со Мет Роџерс и откри д…