Home Спорт Шок: Даниел Педроса се повлекува од Мото ГП!

Шок: Даниел Педроса се повлекува од Мото ГП!

Шпанскиот мотоциклист ја шокираше јавноста поради својата одлука да ја заврши кариерата на крајот на тековната сезона.

Шпанецот од Мото ГП караванот, Даниел Педроса објави дека од 2019 година повеќе нема да се натпреварува во најсилната мото класа.

Тој на ваков потег се одлучи откако го изгуби местото возач на Хонда, а потоа и не успеа да постигне договор со тимот на Јамаха.

„Прво што сакам да објавам е дека од следната година повеќе нема да се натпреварувам во шампионатот. Тоа е одлука за која размислував веќе неколку години и ја донесов со тешко срце, бидејќи ова е спортот кој го сакам. Оваа сезона ќе ја возам последната трка на 18 ноември на стазата во Валенсија, изјави Педроса.

Педроса веќе 18 години е една од иконите во МОТО ГП шампионатот. Тој е сопственик на две титули во класата од 125 кубика, како и една во 250 кубика. Меѓутоа, иако во изминатите 12 години се натпреваруваше во најсилната класа не успеа да се закити со шампионската титула.

https://twitter.com/MotoGP/status/1017411045839667200

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…