Home Вебкафе ВВС ги праша Англичаните дали знаат да ја покажат Хрватска на мапа – еве ги резултатите

ВВС ги праша Англичаните дали знаат да ја покажат Хрватска на мапа – еве ги резултатите

И британските медиуми се забавуваат пред полуфиналниот дуел на Англија со Хрватска во рамки на Светското првенство во Русија, кој се игра денес во 20 часот во Москва.

Во нивна анкета, ВВС им поставија задача на Англичаните да ја покажат државата од нивниот вечерашен фудбалски противник на мапа.

Новинарите од Radio 5 од ВВС ги прашаа група Англичани дали знаат да покажат на карта од каде доаѓаат нивните полуфинални противници. Резултатите не беа баш сјајни, бидејќи некои од Англичаните имаа доста проблеми точно да ја покажат Хрватска на мапа.

Првата жена која ја анкетираа одговори точно, а во својот одговор беше прилично сигурна, бидејќи знаеше дека „Хрватска има долг морски брег“. Но, останатите испитаници беа самоуверени во погрешното лоцирање на Хрватска на територијата од Словенија, Албанија и слично.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…