Прилепски „Еурокомпозит“ од денес повторно на штрајк со шатори пред Влада


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вработените во прилепската компанија „Еурокомпозит“ од денес започнуваат штрајк пред Владата на Република Македонија, каде што ќе постават и шатори.

Според најавата на работниците, тие ќе пристигнат со еден автобус и ќе останат сè додека комплетно не биде решен статусот на компанијата во која работат. Велат дека овој пат нема да прифаќаат лажни ветувања и исплаќање на една плата за да биде прекинат протестот.

По протестот кој во месец март исто го одржаа пред Владата неколку пати испратиле писма до неколку министерства и владата, но одговор не добиле.

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе штрајкуваат поради не навременото исплаќање и доцнењето со исплата на изминатите 18 плати.